Кампања на Kickstarter за реставрација на скафандерот на Нил Армстронг

21

nil arm

На глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter е поставена кампања за собирање средства за реставрација на скафандерот којшто Нил Армстронг го носеше во текот на мисијата Apollo 11 на Месечината.

Досега над 5.057 инвеститори собрале 401.741 долари, а крајната сума што треба да се собере за да се направи соодветната реставрација е 500.000 долари.

Се очекува за 30 дена да се собере потребниот износ, но доколку тоа не се случи кустосите и реставраторите од Националниот музеј за воздухопловство и вселенски истражувања ќе се соочат со проблеми за реставрирање на скафандерот на Армстронг.

Веќе девет години овој скафандер се чува во специјализирани климатизирани простории за да се спречи понатамошно распаѓање на специјалната облека.