Идните ученици во рамки на кампањата Back to school, во организација на Рамстор Мол, од денеска ќе можат по промотивни цени да си набават сè она што им е потребно за успешен старт на новата школска година.
Преку кампањата ќе се промовираат сите актуелни понуди и промоции на брендовите во трговскиот наменети за основците и средношколците.
“Крајот на август и почетокот на септември традиционално е во знакот на подготовките на учениците за почетокот на школската година, затоа ние како трговски кој постојано се грижи за своите посетители одлучивме да започнеме кампања преку која на учениците и нивните родители ќе им ја олесниме потрагата по школски прибор и нова гардероба и преку Back to school ќе им ги претставиме сите производи од нашите брендови наменети токму за стартот на новата школска година”, велат претставници на Рамстор Мол.
Богатата понуда ја сочинуваат ранци, училишни прибори во најразлични бои и форми, гардероба и обувки. Од трговскиот центар ги покануваат сите ученици да го посетат Рамстор Мол и да уживаат во шопинг магијата со кампањата Back to school.