Кампања: Не им судете на бездомниците, тоа може да му се случи секому

31

kampanja

Американската непрофитна организација Impact Homelessness направи кампања преку која сака да ги разбие стереотипите кои се врзани со бездомниците и да предупреди дека тоа може да му се случи секому. Затоа не треба да се осудуваат овие луѓе кои поради различни причини се во ситуацијата во која што се. Бездомиците се од Орландо, Флорида и на картоните имаат испишано што биле претходно, пред да останат на улица. Еден зборува четири јазици, друг има диплома по биологија, некој порано развивал роботи, една жена била личен тренер, една 10 години се бори со епилепсија…