Во рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, денес во општина Гевгелија започна кампањата Штедам енергија.
Проектот се имплементира и во општините Богданци и Валандово.
Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста и да го зголеми знаењето за енергетската ефикасност кај средношколците преку едукација и презентација на придобивките од неа.
Во кампањата, како главна целна група ќе бидат вклучени и професорите, родителите, граѓаните, општинските администрации и локалните невладини организации.
Во следните два месеци ќе се организираат повеќе активности и натпревари за избор на најдобри фотографии и цртежи од областа на енергетската ефикасност.
Одговорна за спроведување на оваа кампања е Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија од Гевгелија, преку финансиска средства од УНДП и општина Гевгелија.