Кампусот на Римац вреден 200 милиони евра ќе го градат домашни компании

143

Хрватскиот претприемач Мате Римац одлучи неговиот кампус во кој ќе инвестира 200 милиони евра да го градат домашни компании.  Според хрватските медиуми станува збор за компанија од Загреб и компанија од Самобор.

Новата локација се наоѓа на само неколку километри од сегашното седиште на Rimac Automobili и се наоѓа на парцела од 200.000 квадратни метри, додека изградената површина ќе биде околу 100.000 квадратни метри.

Просторите се дизајнирани да бидат пријателски, отворени и топли, со додадени елементи на забава. Во исто време, тие ќе бидат модерни, светли и инспирирани од природната средина.

Според најавите, сè ќе биде завршено до 2023 година, и во него ќе се развиваат нови модели на Bugatti.

За разлика од повеќето локации во автомобилската индустрија, каде што се поставени високи огради и ниво на тајност, кампусот Rimac ќе биде отворен за јавноста.

Фото: Facebook