Hud Hud Travels компанија од Оман му даде на кампувањето една нова луксузна димензија.
Што и да посакате, водичите специјално ќе организираат за вас и тоа сред пустина. Деновите и ноќите ќе бидат скроени по желбите на клиентите.
Сите кампови се приватни и мобилни, па може да се кампува скоро по целата територија на Оман. Гостите преку ден ќе можат да одат во регионот Шаркја и да ги посетат традиционалните села, старите тврдини и замоци.
Тука се и неколкуте кањони и таканаречените Вади, долини кои се полнат со вода за време на дождливите периоди, и најинтересната атракција од сите – трките со камили.