Канада почна со вакцинација на здравствените работници

67

Канада започна кампања за вакцинирање против коронавирусот, а први ќе ги примат здравствените работници. Со ова, Канада ќе биде трета земја во светот, по Велика Британија и САД, коишто ја користат вакцината на Pfizer и BioNTech.

Првата доза од вакцината ја добила здравствена работничка во непрофитен дом за стари лица во Торонто.

Над 60% од смртните случаи, од вкупно 13.350 жртви од пандемијата во Канада се потврдени во домовите за стари лица.

Според канадскиот премиер, Џастин Трудо, првите вакцини ќе ги добијат здравствените работници во болниците и домовите за стари лица, како и оние кои живеат во оддалечените домородски резервати.

Фото: Freepik