Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта

86

Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина.

Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“.

Четвртиот најголем производител на нафта во светот се обврза да извезе дополнителни 200.000 барели нафта.

Најголемата компанија за гасоводи во земјата „Енбриџ“ изјави за Би-Би-Си дека е подготвена да направи „сè што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност и за Северна Америка и за Европа“.