Канадските власти објавија забрана за извоз во САД на неколку видови на лекови, посебно оние кои се користат за лекување на Ковид-19, бидејќи земјата би се соочила со недостиг.
Забраната доаѓа во време кога во САД стапува на сила мерката на претседателот Доналд Трамп и којашто овозможува увоз на лекови од странство заради намалување на нивните цени. Таа мерка им дава шанса на американските фармацевтски компании и веледрогерии на големо да увезуваат некои лекови што одат на рецепт, а се наменети за канадскиот пазар.
“Нашиот здравствен систем е симбол на нашиот национален идентитет и сакаме да го заштитиме“, вели Пети Хајди, канадска министерка за здравство.
Канада е мал пазар на којшто отпаѓаат 2% од продажбата на лекови во светот, а на САД 44%. Но, Канада 86% од своите лекови ги набавува од странство.
Фото: Freepik