Канадска банка апелира: Престанете да го цртате Спок по банкнотите

46

spok

Фановите на актерот Леонард Нимој, познат по улогата на Спок во Ѕвездени патеки, кој почина минатата недела, му оддадоа почит на различни начини, но еден од нив воопшто не ѝ се допадна на централната банка на Канада.

Тие на банкнотите од пет канадски долари, на портретот од поранешниот премиер Вилфрид Лорие, масовно го цртаат ликот од ѕвездената флота.

spok 1

Портпаролот на канадската банка ги повика фановите на Спок да престанат да цртаат по банкнотите. Иако цртањето не е противзаконски, ги затскрива безбедносните елементи и го смалува нивното траење во оптек. Од банката велат дека ваквата пракса, односно трендот наречен Спокинг, е недоличен, затоа што банкнотите се канадски симбол и национална гордост, пишува Toronto Sun.

Лорие беше седмиот премиер на оваа земја, во период од 1896 до 1911 година.

Фото: Flickr