Канадска компанија разви шест пати поевтина технологија за намалување на стакленичките гасови

14

Carbon Engineering, компанија со седиште во канадската провинција, Британска Колумбија, и која има финансиска поддршка од Бил Гејтс, објави рецензирана студија која демонстрира технологија за справување со јаглеродниот диоксид од атмосферата за помалку од 100 долари по тон, пишува Inhabitat. Оваа цена е значително пониска од моменталните решенија кои може да достигнат и до 600 долари по тон.

Наместо складирање на заробениот јаглерод, Carbon Engineering го користи за да создаде синтетичко гориво со водород, кој се извлекува од водата користејќи обновлива енергија. Ова гориво има огромна предност во однос на традиционалните извори на биогорива, бидејќи искористувањето на водата и земјата се помалку интензивни.

Проектот е сè  уште во развојна фаза и како што велат од компанијата му треба дополнително усовршување. Но техничките солуции за намалување на стакленичките гасови реално постојат и она што треба во моментов е поголема заложба на националните легислативци околу имплементирање на одредбите од Парискиот договор.