Канадските фирми наводно ја поддржувале Русија: Сега се на црната листа на САД

48

Во списокот на неодамна санкционирани субјекти, поради наводната поддршка на Русија во украинската војна, САД вклучија две канадски компании, пренесува Ројтерс.

Дотичните компании за дистрибуција на електроника од Монтреал – Cpunto Inc и Electronic Network Inc – беа на списокот со санкции за „постапување спротивно на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на Соединетите држави“, и затоа се предмет на ограничувања за извозот на САД, соопшти американското Министерство трговија.

Американската влада минатиот четврток ги повика компаниите да се придржуваат кон санкциите кон Русија, воведени по инвазијата на Москва на Украина, предупредувајќи дека може да се соочат со потенцијално гонење за извршни дејствија доколку не го сторат тоа.

Министерството за трговија неодамна воведе рестрикции за извоз на речиси 90 руски и компании од трети земји. Канадската агенција за гранични услуги изјави за CBS дека двете санкционирани компании биле идентификувани како дел од „глобалните напори“ за поддршка на Русија.