Канцеларијата “убива” бавно, но сигурно

51

biro

Фото: Pixabay

Ако поминувате часови и часови седнати пред компјутер на работното место, при стресни услови за работа, тогаш треба да знаете дека овој вид на работна средина ве уништува многу побрзо отколку што мислите. Еве како:

Неподвижност

Сите се свесни дека долго задржување во иста положба е лошо за телото. Болките се најмалиот проблем. Луѓето што седат цел ден се изложени на поголем ризик од мускулни и скелетни нарушувања, дебелеење, дијабетес, рак, срцеви заболувања и други нарушувања и болести. Ако вашата работа бара од вас да го минете поголемиот дел од денот во седечка положба, најдобро е да користите убав стол кој ви овозможува правилно да седите.

Нечист воздух

Американската Агенција за заштита на животната средина воздухот во канцелариите го нарекува “синдром на болна зграда”. Воздухот во внатрешноста на зградата може да биде до 100 пати повалкан отколку надвор од неа. Луѓето кои престојуваат во канцелариски згради со лоша вентилација се изложени на различни гасови и хемикалии. Овде се мисли на различни загадувачи во климатизацијата, токсични материи, опасни бактерии и мувла, кои се разнесувааат насекаде во воздухот.

Техника

Копир апаратите и печатачите се извор на потенцијално смртоносен озон, ако филтрите не им се заменуваат редовно. Дури и во мали количини, ако се вдишат, овие супстанции можат да предизвикаат болки во градите и воспаленија. Честичките од ласерските печатари можат да навлезат во белите дробови и крвотокот, што може да доведе до болести на белите дробови и други нарушувања.

Монитор

Долгото гледање во мониторот може да доведе до оштетување на видот. Освен тоа, може да предизвика главоболка и мигрена.

Лаптоп

Ако работите со лаптоп кој ги држите во скут, постои сериозна опасност да развиете кожни болести поради топлината на машината. Истражувачите од Универзитетот Њујорк откриле дека лаптопите можат да доведат до зголемување на температурата на телото, што кај мажите пак може да доведе до намалување на бројот на сперматозоиди.

Тастатура

Тастатурата може да биде погоден терен за развој на бактерии, ако не се чисти редовно. Според микробиолозите, на тастатурата може да има до пет пати повеќе бактерии отколку во бањата. Не се исклучени и опасните бактерии како E. coli и колиформи, често поврзувани со труење со храна, заедно со стафилококи, кои се предизвикувачи на многу инфекции.

Исто така, долгото пишување на тастатурата предизвикува т.н. Карпален тунел синдром (болно напрегање на зглобот), кој може да влијае и на целата рака. Овој синдром може да доведе до трајно оштетување на нервите и губење на мускулна маса.