Кандит гради фабрика од 20 милиони евра

87

kanditХрватската компанија за кондиторски производи Кандит започна изградба на нова фабрика во индустриската зона Неметин кај Осиек, инвестиција вредна 20 милиони евра. Според зборовите на директорот на Кандит, Марио Милер, новата најсовремена фабрика за чоколади и бонбони ќе се простира на 23.000 метри квадратни, а во неа ќе се произведуваат разни производи во согласност со пазарните трендови и барања на Европската унија. Ова е една од најзначајните гринфилд инвестиции во источна Хрватска.

“Со реструктуирање, реорганизација и изградба на нова фабрика, Кандит подготвено ќе го дочека отворањето на пазарот на Европската унија. Завршувањето на изградбата и преселувањето на фабриката е планирано за првата половина на 2014 година”, велат од компанијата.

Кандит се надева дека ќе ги зајакне своите позиции онаму каде што веќе е познат, пред се на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и делумно Македонија и истакнуваат дека изградбата на оваа фабрика е од големо значење за целиот регион.