На 30 километри од градот Белфаст во Ирска се наоѓа Галгорм, ултра луксузен спа ресорт, изграден на местото на една стара кантри куќа од 18 век. Опремен со дури 75 спални соби, три ресторани, врвен спа центар, надворешно џакузи, не е ни чудо што токму овој ресорт е омилено место на многу познати холивудски имиња.
Рибарење, стрелаштво, џогирање, возење велосипед, јавање коњи, голф се само неколку од активностите вклучени во аранжманот.
Спа центрот кој всушност е и главната причина за големата посетеност е изграден од локален камен и природно дрво, опремен со пет сауни и соби со пареа, секоја со различен тип на топлина и температура. Исто така, во центарот има и ледена фонтана за оние кои се доволно храбри и сакаат да се оладат по топлата сауна.
Покрај тоа, гостите можат да уживаат во инфинити базенот со хидротерапија како и во надворешното џакузи и Клеопатра третманот, кој се состои од 25-минутно капење во хидратантно млеко.