
Капитал ассет менаџмент, независно македонско друштво за управување со портфолија на индивидуални клиенти, одбележа пет години од своето основање на свечена прослава со клиенти, деловни партнери и соработници. Компанијата го потврди своето место на македонскиот финансиски пазар со импресивни резултати и јасна визија за иднината.
Основана во 2021 година, во период на глобална неизвесност предизвикана од пандемијата, компанијата тргна со амбиција да стане водечко независно финансиско друштво засновано на доверба, стручност и долгорочно партнерство со клиентите. Мотото „И денес и утре, заедно!” останува непроменета определба.
Менаџментот на Капитал ассет менаџмент потсети дека патот до денешните резултати не бил без сериозни предизвици. Речиси веднаш по почеток на работењето, руско-украинскиот вооружен конфликт ги потресе глобалните берзи и портфолијата на клиентите забележаа падови и до триесет проценти. Наместо молчење, компанијата одржа три инвеститорски средби, директно комуницирајќи со клиентите за случувањата на пазарот и поттикнувајќи ги да останат доследни на долгорочната инвестициска стратегија.
„Паничарите губат, трпеливите победуваат” – ова начело се покажа суштински важно. Клиентите кои во кризните моменти правеа нови уплати, денес ги берат плодовите на таа одлука.
Компанијата за своите клиенти оствари просечен годишен принос од над 25% од основањето, додека амбициозниот петгодишен бизнис план беше реализиран за само три години – со работа, доверба и вистинска посветеност.
Инвестициската филозофија на компанијата се темели на детална анализа на квалитетни компании и дисциплинирано долгорочно инвестирање наспроти краткорочното следење на пазарни трендови.
„Суштината не е да погодиш што ќе се случи на берзата утре, туку да разбереш што купуваш, зошто го купуваш и да имаш дисциплина да останеш доследен на таа одлука”, беше пораката на прославата.
Петгодишниот јубилеј се гледа како почеток на нова развојна фаза. Во наредниот период компанијата планира да го прошири тимот, да ги унапреди услугите и да допре до уште повеќе семејства кои заслужуваат доверлив финансиски партнер.
„Нашиот најголем капитал во овие пет години не е капиталот со кој управуваме – туку нашиот најголем капитал е довербата која ја изградивме”, порачаа од компанијата.













