Капка живот – хрватска апликација што спасува животи

72

app

Тим студенти од факултетот за организација и информатика во Вараждин, Хрватска, осмислија веб и мобилна апликација која спасува животи. Преку апликацијата Капка живот, администраторот во болницата со неколку кликови може да ги информира донаторите на крв која крвна група итно е потребно да се донира и каде најблиску можат да се обратат за да спасат нечиј живот.

“Нашата апликација може да ги поврзе донаторите и институциите и во случај на недостиг на крв, може да спаси нечиј живот. Во суштина се работи за две апликации. Првата е десктоп решение за веб администраторот во институцијата за донација на крв, а донаторите користат апликација на мобилен уред. Администраторот со еден потег испраќа push нотификација на групата со информација”, велат членовите на тимот, пишува Пословни дневник.