Карактеристики според кои луѓето формираат мислење за вас

118

mislenje

Фото: Pixabay

Луѓето се љубопитни и наклонети кон донесување на заклучоци за кратко време. Понекогаш се потребни само неколку секунди за да се формира мислење за соговорникот, а одредени карактеристики и начин на однесување придонесуваат за перцепцијата на личноста.

Еве што сè припаѓа во показатели на карактерот.

Колку уреден и чист е вашиот дом

Според едно британско истражување, на луѓето им се потребни само 26 секунди за да формираат мислење за вас откако ќе го посетат вашиот дом. Од мирисот во просториите до уредноста на полиците, сето тоа придонесува за донесување на одреден суд за вашата личност.

Омилената боја

Ако вашата омилена боја е црвена, вие сте перцепирани како одлучна личност што го вреднува физичкото задоволство. Ако тоа е жолтата, вам ви треба малку повеќе логичко размислување, ја вреднувате индивидуалноста и сте оптимисти по природа. Сината боја асоцира на смиреност, додека зелената на отворен ум.

Дали сте љубител на мачиња или на кучиња

Според едно истражување, луѓето кои сакаат кучиња се доживуваат како отворени и енергични личности, додека љубителите на мачки според мислењата се интровертни и чувствителни личности.

Како ги носите чевлите

Луѓето со недостиг на самодоверба кога стојат или одат се наслонуваат нанапред, додека оние кои се сигурни во себе, со телото прават благ наклон наназад. Сето ова со тек на времето се рефлектира и на чевлите, односно на начинот на износеноста на ѓонот. Кај срамежливите ѓонот од чевлите ќе биде повеќе “излижан” на предниот дел, додека кај другите на задниот дел кај петата.

Колку време ви треба за да поставите прашање

Експертите велат дека дури и ако некој не каже ништо за време на средбата/состанокот може многу да се дознае за карактерот на таа личност. Одмереност, воздржаност или едноставно незаинтересираност се карактеристики што тој или таа ќе ги добие од другите.

Ако прашањата пристигнат во голем број и набрзина, веројатноста за користољубивост е значително поголема отколку ако се тие во помал број и со подлабоко значење. Во тој случај личноста е перцепирана како дарежлива и грижлива.