Карантинот ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно

89
Карантинот кој ќе стапи на сила во Австрија од утре, ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно, проценуваат економистите.
Гастрономијата и трговијата особено се во незавидна ситуација.
Поучен од искуството од карантинот од ноември минатата година, експертот на Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер, посочува дека БДП овој месец ќе биде помал за 800 милиони евра.
Во првите две недели од декември ефектот на заклучување ќе биде уште посилен, бидејќи тогаш е вообичаено да се купуваат подароци пред Божиќ, загубата е една милијарда евра неделно.
Клаус Вајерштрас од HIS, смета дека штетата од заклучувањето на економијата ќе биде околу три милијарди евра. Сепак, тој посочува дека е подобро сега да се затвори економијата, отколку да се пропушти целата зимска туристичка сезона.
Ако функционира заклучувањето, може да се „спаси“ јануари и февруари“, посочи тој.