Карантинот ќе ја чини Виена 49 милиони евра дневно

68

Главниот град на Австрија, Виена, кој важи за омилена туристичка дестинација, ќе претрпи големи финансиски загуби поради карантинот што од денеска се воведува низ целата земја.

Секој ден локдаунот ќе ја чини Виена 49 милиони евра, соопшти кабинетот на секретарот за финансии, Петер Ханке.

Во оваа сума се вклучени загубите во трговијата, гастрономијата, а пред сè хотелиерите.

„За економијата и туризмот во Виена, заклучувањето е голем предизвик“, нагласи Ханке.

Сепак, тој смета дека поради лошата епидемиолошка состојба, локдаунот сепак, е корисна мерка.