Кардашијан, Мејведер и Пирс на судење за рекламата за Ethereum Max

44

Ким Кардашијан, Флојд Мејведер и Пол Пирс го промовираа токенот EMAX во мај и јуни минатата година.

Сите три познати личности сега се тужени од повреден инвеститор кој тврди дека преговарал со ко-основачите на EMAX, Стив Џентиле и Џовани Пероне за да ја напумпаат цената на токенот, а потоа да го „дампнат“, оставајќи ги повеќето инвеститори со бескорисен токен.

„Обвинетите ги истакнаа изгледите на компанијата и способноста на инвеститорите да постигнат значителни приноси поради поволната „токеномика“ на токените EMAX“, рече Хугерих во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД во Централниот округ на Калифорнија.

„Всушност, обвинетите лансираа токени EMAX на инвеститори, за да можат да го продадат својот дел од [токените] за профит“.

Ethereum Max достигна врв на 0,000000597636 долари на 31 мај 2021 година, пред да падне повеќе од 80% за 11 дена. Тој потоа направи мини-рели во средината на јуни околу времето на објавувањето на Кардашијан, пред да падне уште пониско. Откако го достигна својот врв, изгуби над 97% од својата цена; сега се тргува по 0,000000017659 долари.

Хугерих купи EMAX токени помеѓу 14-ти мај и 17-ти јуни и има за цел да биде водечки тужител во колективната тужба.

Токенот првпат се здоби со популарност кога Мејведер пристигна на конференцијата Bitcoin 2021 во Мајами во јуни, облечен во маица на Ethereum Max – иако организаторите ги предупредуваат присутните да не коментираат за други средства освен BTC.

EMAX спонзорира боксерски натпревар овој месец помеѓу Мејведер и Логан Пол. Во 2018 година, Мејведер беше казнет од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД за промовирање на првични понуди на монети без да открие дека бил платен за тоа.

Следната недела, Кардашијан, претходно поврзана со настан спонзориран од EMAX во мај, сподели приказна на Инстаграм со своите повеќе од 200 милиони следбеници, во која го рекламира Ethereum Max, додека го користеше хаштагот #AD за да нагласи дека тоа е рекламирање.

„Дали сте заинтересирани за крипто ???? Ова не е финансиски совет, туку споделување на она што моите пријатели штотуку ми го кажаа за токенот Ethereum Max! Пред неколку минути, Ethereum Max согоре 400 трилиони токени – буквално 50% од портфолиото на администраторот, враќајќи и на целата заедница на E-Max“, напиша таа.

Пирс беше доволно заинтригиран од „горењето“ на токените EMAX (се уништуваат за да се ограничи понудата и да се зголеми побарувачката – н.з.) за да ги запали сите други мостови со неговиот поранешен работодавец, ESPN, кој го отпушти Пирс како аналитичар откако излезе видео, кое покажува како тој се коцка за време на КОВИД-19.