Карловачка пивовара претстави безалкохолно пиво

8

Karlovacko_00_MaxxКарловачка пивовара го прошири своето портфолио со безалкохолното пиво Карловачко 0,0% Maxx.

“За да го создадеме Карловачко 0,0% Maxx, ги поместивме врежаните граници во производството на безалкохолно пиво. Ова пиво е направено од врвни состојки и има одличен вкус. Со него сакаме да ги урнеме предрасудите кои, за жал, се врзани со безалкохолното пиво и да покажеме дека и ваквото пиво може да има одличен вкус”, изјави Бранка Славеска, претседател на Управата на Карловачка пивовара, пренесуваат хрватските медиуми.

Карловачка пивовара годинава слави 160 години постоење.