Касперски – математичарот кој ги “реши” вирусите

129

7-Eugene-KasperskyЗабележав дека е возможно да се заработат пари од антивирусен софтвер кога видов дека работата на компаниите страда од вируси.

Евгениј Валентинович Касперски започна една револуција на сајбер просторот сосем случајно.

Во 1989 година неговиот компјутер беше нападнат од тогашниот познат вирус Cascade, па неговото познавање од криптографија му послужи да го истражи вирусот и да развие алатка за негово елиминирање.

Касперски не само што успеа во тоа, туку неговиот генијален ум отиде толку далеку што создаде глобално моќен антивирус што ја чува безбедноста на нашите оперативни системи и го носи неговото презиме.

larger-15-KasperkyLabs-CEO-EugeneKaspersky1

Денес неговата компанија Kaspersky Lab ги заштитува сајбер системите во светот од повеќе од 100 милиони малициозни програми.

Приказната за Касперски започнува во 1965 година во Новоросијск, тогашен дел од СССР. Талентот за математиката и техника го развил уште како дете, па од својата 12 година започнал да посетува напредни курсеви по математика и физика на Московскиот институт за физика и технологија.

Во 1987 Касперски дипломира на Техничкиот факултет при КГБ акедемијата во Москва, којшто во 1992 е преименуван во Институт за криптографија, телекомуникација и компјутерски науки.

12-Free-Books-for-Learning-Theoretical-Computer-Science

Иако главниот предмет му бил математички инженеринг, тој се фокусирал на криптографија и компјутерски науки. По распадот на СССР, Касперски се вработува во Центарот за Информатичка технологија каде започнува да составува тим на истомисленици и истражувачи со цел да ја креира AVP Toolkit Pro антивирусната платформа што подоцна ќе ја обезбеди базата за познатиот антивирус.

Универзитетот во Хамбург препознава голем потенцијал во овој софтвер како најефикасен досега, па така генијалецот одлучува дека сега е моментот да основа сопствена компанија заедно со своите колеги.

Неколку години подоцна, во 1997 година формирана е Kaspersky Lab, каде Евегениј го предводи секторот за истражување и развој.

IMG_2644

Првично програмата за сајбер заштита беше именувана како AVP, но во 2000 година истата беше официјално преименувана со денешното име Kaspersky Anti-Virus.

Kaspersky Lab денес важи за една од најуспешните компании за сајбер заштита и е рангирана помеѓу четирите најдобри светски производители за безбедносни решенија за корисници. Вработува повеќе од 3.000 професионалци и специјалисти за ИТ безбедност во скоро 200 земји низ светот.

Производите на компанијата штитат повеќе од 400 милиони корисници, а годишниот профит изнесува 771 милиони долари.

Популарноста на Касперски покрај удобниот живот му донесе и непријатни ситуации, кога во 2011 година неговиот син беше киднапиран. За среќа сè помина во најдобар ред, Евегениј го плати откупот и 20 годишникот беше ослободен неповреден. Оттогаш никаде не патува без своите телохранители.

cancun-mexico-sas2015-4

Честопати гостува на признати и елитни универзитети, каде држи предавања, а добитник е на бројни признанија меѓу кои и Националната награда од Руската федерација за наука и технологија и наградата за пријателство од Народна Република Кина.

Неколкупати е прогласуван за претприемач на годината, а во 2012 доби и почесен докторат од Универзитетот Плимут, Англија.

Генијалниот бизнисмен има и свој блог, љубител е на брзи автомобили, егзотични патувања и адреналински спортови. Неговата компанија од 2010 година е официјален спонзор на тимот на Ферари во Формула 1.

Касперски кој денес вреди повеќе од една милијарда долари, моментално живее во Москва со својата трета жена и четирите деца и продолжува да ја гради сајбер империјата.