Катар го напушта ОПЕК од први јануари

18

Фото: Pixabay

Катар најавува дека од први јануари ќе го напушти нафтениот картел ОПЕК по скоро 60 години, пишува CNN.

“Одлуката за повлекување од ОПЕК ја рефлектира желбата на Катар да ги фокусира своите напори кон планови за развој и зголемување на производство на природен гас“, изјави Саад Шерида Ал – Каиби, државен министер за енергетика.

Катар се наоѓа под дипломатско и економско ембарго веќе 18 месеци од страна на своите соседи, вклучително и членки на ОПЕК: Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

ОПЕК (Organization of the petroleum exporting countries) е организација во којашто членуваат најголемите земји извознички на нафта, а е основана во 1960 година.