Катар Холдинг заинтересиран за инвестирање во енергетиката и туризмот во Македонија

79

katar-holdingКатар Холдинг е заинтересирана за инвестирање во ски центарот Попова Шапка и за изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода. Компанијата досега бележи огромен раст со бројните инвестициски проекти во над 30 земји во светот.

На оваа тема се дискутирало во Катар на средбата помеѓу министерот за економија Ваљон Сарачини и генералниот и главен извршен директор на Катар Холдинг, Ахмад Мохамед Ал-Сајед.

Имено, компанијата од Катар се заинтересирала и за влез во електроенергетскиот сектор во Македонија, преку докапитализацијата на АД ЕЛЕМ, можната изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и проектот Вардарска долина.

Како што информираше Сарачини, по изборот на консултант ќе се направи анализа и ќе се предложи најдобрата структура за докапитализација на АД ЕЛЕМ, по што ќе биде распишан јавен повик за докапитализација.

Во рамки на официјалната програма, делегацијата од Република Македонија предводена од претседателот Ѓорге Иванов, оствари средба со Неговото Височество Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.

Министерот Сарачини потпиша меморандум за разбирање за туристичка соработка меѓу двете земји, а беше потпишан и меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.

Македонија и Катар досега имаат потпишано договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за заемна заштита на инвестициите.