Катар ја врати титулата најголем светски извозник на течен природен гас

80

Катар ја врати титулата најголем светски извозник на течен природен гас од Соединетите Американски Држави (САД).

Побарувачката за горива за греење е намалена со крајот на зимската сезона на северната хемисфера и тоа доведе до поместување на врвот, пишува Блумберг, пренесува Б92.

Извозот на течен природен гас на Катар надмина седум и пол милиони метрички тони во април, што е подобар резултат од САД.

Во текот на зимските месеци, ниските температури, како и желбата на Европа да ја намали зависноста од руската енергија, ја зголемија побарувачката за природен гас и цените на горивото.