Катар планира следната недела да го отвори новиот 17 милијарди долари вреден Хамад Интернационаен Аеродром во Доха, шест години подоцна од планираниот рок. Десет авиопревозници, вклучувајќи го и FlyDubai, на 30 април ќе почнат да летаат од Хамад. Останатите авиопревозници меѓу кои и Qatar Airways Ltd ќе почнат да го користат новиот аеродром на 27 мај, кога ќе бидат завршени салоните за првата бизнис класа.
Изградбата на аеродромот ја води американскиот Bechtel Group Inc. и кога ќе биде завршен ќе може да се справи со 50 милиони патници годишно. Новиот аеродром во Катар ќе биде прилагоден и за најголемиот патнички авион Airbus A380, јавува Блумберг.