Катар ќе гради седум градови за сместување на 250.000 работници

37

qatari_workers640Катар ќе гради седум градови каде ќе бидат сместени 258.000 работници од странство, кои ќе бидат одговорни за изградба на главните инфраструктурни објекти за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2022 година, пишува The Guardian.

Според изјавите на локалните власти, градовите за работниците планирано е да бидат изградени до 2016 година. Таканаречените Работнички градови се спој на инвестиции од државен и приватен сектор. Најголемиот од нив ќе вклучува 55 згради, трговски центар, болница и џамија, втора по големина во земјата, а за неговата изградба ќе се одвојат 740 милиони евра.

Поголемиот дел од работниците кои живеат во Катар ќе бидат преместени во новите градови. Локалните власти очекуваат бројот двојно да се зголеми, односно дека до 2020 во земјата ќе работат 2,5 милиони работници.