Катар ќе им продава течен природен гас на Кинезите во следните 27 години

137

Катарската национална компанија за нафта и гас „КатарЕнерџи“ потпиша 27-годишен договор со Кина за снабдување на таа земја со технички природен гас (LNG) во износ од 4 милиони тони годишно.

– „КатарЕнерџи“ потпиша договор со кинеската државна компанија „Синопек“ за испорака на течен природен гас, според кој кинеската компанија ќе добива 4 милиони тони ЛНГ годишно за 27 години. Ова е најдолгиот договор во историјата на индустријата – соопштија од компанијата.

Катар моментално работи на проширување на производството на своето северно гасно поле во Персискиот Залив, кое го дели со Иран. Како резултат на тоа, се очекува Катар да произведува 110 милиони тони ЛНГ годишно до 2026 година наместо сегашните 77 милиони тони. Катар извезува најголем дел од својот гас во азиските земји, пренесе РИА.