Катар ќе инвестира 200 милијарди долари за СП 2022

21

FIFA 2022 World Cup Bid In DohaКатар планира да инвестира преку 200 милијарди долари во организација на Светското првенство во фудбал 2022 година.

Од нив, 140 милијарди ќе бидат наменети за изградба на транспортен систем, вклучувајќи нов аеродром, сообраќајници и метро. Околу 20 милијарди долари ќе бидат потрошени за наутичка инфраструктура, а остатокот на други сегменти од организацијата.

Катарските власти се надеваат дека за време на светското првенство, земјата ќе ја посетат 400.000 навивачи.