Катар ќе почне да испорачува течен природен гас за Германија во 2024 година

36

Нафтената и гасната компанија „Qatar Energy би можела да започне со испорака на течен природен гас во Германија од терминалот во Тексас во 2024 година, изјави катарскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Мохамед бин Абдулрахман ел Тани.

„Извлекувањето енергенси во гасното поле „Северна купола“ нема да се прошири пред 2026 година, можеби во 2025 година. Сепак, очекуваме дека нашата фабрика за природен гас „Golden Pass“ во Тексас, во која Qatar Energy има 70 отсто од акциите, во 2024 година ќе достигне доволен капацитет за да може да испорачува гас во Германија“, изјави Тани за германскиот весник Handelsblatt.

ЕУ се обидува да го отстрани рускиот гас од своите пазари откако Русија започна специјална воена операција во Украина, откако Народните републики Доњецк и Луганск побараа помош поради украинските провокации.