Катар: Минимална плата од 230 евра за работници од странство

136

Катар воведува минимална плата за работници кои доаѓаат од странство, којашто повеќе нема да биде дискриминирачка, а е една од низата мерки поврзани со реформи за работната сила.

Новата недискриминирачка минимална плата ќе важи за работници од сите националности во сите сектори.

Законот е усвоен минатата година, а на работодавачите им дава преоден период од шест месеци за да се подготват за новините. Катар е прва земја од тој регион што воведува таков вид на минимална плата. Покрај минималната основна месечна плата од 230 евра, законот предвидува на вработените да им бидат исплатени дополнителни 70 евра за храна и 115 евра за сместување, ако тоа не им го обезбедат работодавачите.

Над 400.000 работници или 20% од приватниот сектор во Катар ќе имаат корист од овој закон.

Фото: Pexels