Катар станува најголем извозник на течен природен гас, но не може да ја замени Русија

73

Катар енерџи и италијанската компанија Ени ќе ги здружат силите за да го прошират најголемиот светски проект за течен природен гас, според договорот потпишан во седиштето на Катар во Доха.

Катар енерџи ќе има 75 проценти удел во новата заедничка компанија, додека Eни ќе поседува 25 проценти. Заедничкото вложување ќе има 12,5 отсто удел во целиот проект Норт Филд Ист, најголемото наоѓалиште на гас во светот, пишува весникот Данас.

Проектот вреден 28,7 милијарди американски долари, започнат од Катар енерџи во летото 2019 година, ќе го зголеми капацитетот за извоз на течен нафтен гас на Катар од сегашните 77 на 110 милиони тони годишно, позиционирајќи ја заливската држава како најголем светски извозник на течен нафтен гас.

Франческо Сачи, истражувач во енергетската консултантска фирма Ricerche Industriali ed Energetiche во Болоња, Италија, изјави за Media Line дека и покрај тоа, Катар нема да може да ја пополни празнината создадена со намалувањето на испораките на руски гас во Европа. Сачи наведува дека освен капацитетот проблем е и транспортот на гас – „нема гасовод од Катар до Европа“.

И трето, мора да се земат предвид долгорочните договори со партнери како оние во Азија, главно Јужна Кореја, Јапонија и Кина, кои се главни и посигурни купувачи на течниот природен гас од Катар од Европа.