Катарскиот министер очекува недостиг на гас, а најави и кога: „Тоа ќе биде најбараниот ресурс“

25

Гасот ќе биде најбараниот ресурс во светот и можно е од 2025 до 2030 година да има недостиг од него на светскиот пазар.

Ова го изјави катарскиот државен министер за енергија Саад бин Шерида Ел Каби.

Министерот додаде дека одлуката на Европа да не добива гас од Русија по почетокот на војната во Украина имала штетно влијание на пазарот и резултирало со промени во синџирите на снабдување во гасната индустрија, пренесува Тасс.

Тој изјави дека ненадејните промени на цените на бензинот, како нагоре, така и надолу, поради прекини во синџирите на снабдување, негативно се одразуваат на пазарот.

Катарскиот министер се заложи за понатамошни инвестиции во гасната индустрија. Според него, обновливите извори на енергија можат да се користат за производство на електрична енергија, но „не може да се направи пластика од сонцето“, што е неопходно, меѓу другото, за производство на електрични автомобили, пренесува Комерсант.