Катастрофална година за италијански производител на автомобили

97

Катастрофална година за италијанската марка. Од 20 декември, Alfa Romeo не произведува нови возила. Производните линии во фабриката во Касино нема да работат до крајот на годинава, а веројатно и на почетокот на следната година.

Медиумите од Апенинскиот полуостров посочуваат дека паузата во производството треба да трае до 3 јануари, иако некои сметаат дека склопувањето ќе започне дури на 9 јануари.

Побарувачката за единствените два модели во гамата на оваа марка, Stelvio и Giulia, е значително намалена, односно достигна историски минимум. Giulia имаше особено лоша година зад себе.

Фабриката во Касино каде што се склопуваат Stelvio и Giulia претрпе големи проблеми, пред се поради набавката на полупроводници и микрочипови, а меѓу другото и поради гореспоменатата намалена побарувачка.

Така, во текот на 2021 година имало вкупно 96 неработни денови, што само по себе е катастрофална бројка за оваа фабрика. Згора на тоа, тоа е само нешто помалку во споредба со „пандемијата“ од 2020 година, кога поради мерките против ширењето на корона вирусот, овој производствен погон беше неактивен 102 дена. Дали 2022 година ќе биде подобра за Alfa Romeo останува да видиме.