Катедра – работна маса со безжичен полнач за мобилен телефон

202

katedra 1

Дизајнерското студио Desnahemisfera од Љубљана лансираше работна маса за љубителите на технолошките иновации.

rabotna masa katedra

Работната маса го носи името Катедра, а освен необичниот дизајн, во масата има интегриран полнач за мобилни телефони – Air Charge. Она по што овој полнач е поинаков од другите е во тоа што ја менува бојата од црвена во зелена, штом се наполни телефонот, пишува Пословни дневник.

katedra polnac

Масата е изработена од дрво и пластика, а под работната површина се наоѓа таканаречен “џеб“ во кој може да се постави тастатура или лап топ.