Она што ги издвојува од останатите ајвари што може да се најдат на рафтовите во маркетите е дека производите се 100% природни и содржат внимателно избрани состојки, а во исто време се без додатоци на скроб, вештачки бои и ароми.
Еден од клучните проекти на кои ќе се темели растот на компанијата во текот на 2018-та година е дигиталната платформа за купување и обновување полиси на интернет и преку мобилен телефон - moja.croatia.mk, која веќе е лансирана и со која компанијата ја олесни комуникацијата и пристапот на корисниците до полисите за осигурување.
Новиот систем за управување со четири тркала ни овозможува лесно маневрирање, а електрично управуваната задна оска се движи во зависност од ситуацијата и со тоа го олеснува возењето и паркирањето.
Возење под дејство на алкохол, употреба на психотропни супстанции, возење со брзина поголема од дозволената, како и отсуство на употреба сигуреносен појас и понатаму остануваат главни причини за сообраќајни незгоди во кои гинат млади луѓе.
СИАЛ се одржува во кинеската финансиска и економска престолнина, Шангај и претставува најголем саем во Азија и четвртата најголема изложба на иновации во прехранбената индустрија во светот.
Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.
За да го одбележиме овој повод и да ја наградиме вашата поддршка подготвивме интересно Роденденско Викенд дружење на 18-ти и 19-ти мај. Целокупниот асортиман, повеќе од 1.100 производи, ќе бидат намалени и до -15%.
На крај на март 2018 година капиталот на Групацијата изнесуваше 767,8 милиони евра, додека бруто техничките резерви изнесуваа 2.766,2 милиони евра, што претставува раст од 1% за двете категории, споредено со крајот од 2017 година. Групацијата Триглав е финансиски стабилна, добро капитализирана и грижливо управува со ризиците на кои што се изложени матичното друштво, како и останатите 37 друштва од Групацијата.
Проектот “Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, во следните 24 месеци ќе биде спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот за динамичен развој СФЕРА-НОВА.
Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање. 
За оваа специјална пригода, вината што ќе бидат послужени на Самитот имаат специјални, уникатни етикети.
Ова е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови.
Протоколот за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица стапува на сила веднаш.
Она што корисникот треба да направи е да одлучи како ќе изгледа и функционира апликацијата, потоа преку едноставна навигација да ги одбери подесувањата, а калкулаторот ќе пресмета која ќе биде цената.
Батеријата е снабдена со енергија за време на бројни операции, вклучувајќи рекуперација - т.е. кога возилото се забавува.
Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет  ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдобри практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии.
Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица
Кодовите од пакетот треба да се внесуваат на веб-сајтот www.grandkafa.mk (од компјутер или мобилен телефон) по пат на СМС порака –– по отварање на корисничка сметка учесникот испраќа СМС порака со текст ГРАНД (празно место) единствениот код од пакувањето на кратокиот број 142 241.
Платинум-пакетот услуги на Халкбанк ја вклучува првата Visa Platinum картичка на македонскиот пазар, којашто на корисниците ќе им отвори еден нов свет на безбројни погодности, насекаде низ светот на Visa.
Овој саем има повеќе од 900 изложувачи од 36 земји и е одлична можност на странски купувачи да се запознаат со домашните компании со цел склучување на бизнис зделки и натамошна соработка.
Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е 45,1%, според интерна проценка.
Во тек е замена на два магистрални водови во вкупна должина од 4,5 км од кои 45% се завршени.
Освен Ркацители 2016, многу високи оценки од Скваерс добија уште две други вина од винаријата Стоби. Тоа се Жилавка од бербата од 2016 година и Вранец од 2015, што беа оценети со 88 поени.
Главната цел на програмата е едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.