Колку чини изработка на апликација за Android, iOS и Web?

267

Колку чини изработка на сопствена Android, iOS или Web апликација и започнување на нов бизнис?

Овој Калкулатор изработен од Brainster помага за пресметување на вкупните трошоци за изработка.

Учесниците од Академијата за маркетинг на Brainster го изработија Brainster калкулаторот со кој корисникот ќе може полесно да го испланира својот следен бизнис подвиг. Овој проект беше изработен за време на викенд хакатон, како дел од Project Based Learning програмата за дигитален маркетинг.

Едно од најчестите прашања кои ги добиваме секојдневно е: Колку пари треба да вложам за да креирам дигитален продукт? За да можеме да дадеме проценка, го создадовме овој калкулатор за заедницата којшто е бесплатен и едноставен за користење.

Калкулаторот дава customized проценка за можната цена на одредениот производ врз база на опциите коишто корисникот сака истиот да ги содржи. Овој податок понатаму се користи како референтна вредност во преговорите на корисникот со програмерите околу цената.

Како функционира?

Она што корисникот треба да направи е да одлучи како ќе изгледа и функционира апликацијата, потоа преку едноставна навигација да ги одбери подесувањата, а калкулаторот ќе пресмета која ќе биде цената. Со овој Калкулатор за една минута, се добива пресметка за вкупните трошоци за Android, iOS или Web апликација на корисникот.