Kaufland во Романија ги претвора покривите во урбани градини

21

asset_1638729

Фото: Kaufland

Германскиот трговец Kaufland во Романија спроведува проект, со кој своите покриви, паркинзи и парцели лоцирани во близина на училишта, ги претвора во зелени површини каде што луѓето ќе можат да одгледуваат зеленчук, овошје, ароматични растенија или цвеќиња.

Проектот е наречен Grădinescu и во него се вклучени девет урбани градини. Три од нив ќе бидат на покриви, четири на паркинзи, а две во близина на училишта во Букурешт.

Во главниот град на Романија, еден покрив од ланецот маркети веќе е трансформиран во урбана градина.

Целта на овој проект е да се промовира грижа за природата, заедништво и да се поддржи развојот на урбаната агрокултура, стои во соопштението објавено на страната на Kaufland Романија.