Казнети три скопски и една кумановска фирма – продавале леб со цена повисока од 33 денари

99

Државниот пазарен инспекторат ги изрече и првите казни за непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.

На четири фирми им се изречени парични казни од над 300 000 денари.

Александра Котели од ДПИ синоќа соопшти дека контроли биле извршени на десетици локации во секој град од државата, и биле воочени непочитувања на одлуката за замрзнувањето на цената на лебот.

„Направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице“, изјави Котели.

Рече дека лебот е производ кој е неопходен во секојдневниот живот на граѓаните, па затоа апелираат на почитување на одлуката за цените.