Казни од 100 франци за шопинг туризам

99

Швајцарија ќе ги казни купувачите кои ги игнорираат ограничувањата за вирусот и одат на шопинг во соседните земји каде цените се пониски, соопшти владата. Жителите на Швајцарија често ги посетуваат Австрија, Франција, Германија и Италија за да ги искористат предностите на генерално пониските цени, пренесува Reuters.

Границите во Швајцарија се затворени за вакви патувања за да се спречи ширењето на вирусот корона, но граничната полиција соопшти дека забележале зголемен број патувања преку границата за купување.

По враќањето во Швајцарија, ќе се наплати казна од 100 франци ако очигледно станува збор за “трговски туризам“ и доколку границата се премине единствено за таа цел, соопштија од владата.

Паричната казна нема да се наплаќа за самата набавка, туку за попречување на работата на граничарите, соопшти швајцарската влада.

Луѓето сепак ќе можат да ја преминат границата за работа, грижа за болни роднини, медицински третмани и други оправдани причини за патување во соседните земји.

Фото: Pixabay