Казни од 500 до 10.000 евра за трговците со нечесни практики

56

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата го усвоила законот за заштита на потрошувачите на предлог на министерството за економија.

„Овој закон ќе помогне да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, за заштита на потрошувачите и за заштита на ранливите категории на граѓани во деловните трансакции,“ изјави Бектеши.  Тој укажа дека како новина се воведува посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики при продажба, вклучувајќи ги и дигиталните понуди.

Во зависност од големината на компанијата, предвидени се казни од 500 до 10 илјади евра казна за непочитување на законот.

„ Во делот на санкциите, предвидена е и привремена забрана за работа од три месеци до две години, за среден и голем трговец, и 20 дена за микро и мал трговец. Одговорните лица, ќе добијат забрана за вршење дејност од 3 месеци до 1 година“, рече Бектеши.