Ќе има драматичен пораст на цените на авио билетите

47

Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири предупреди дека цените на летовите за време на годишните одмори следната година најверојатно ќе се зголемат нагло, бидејќи ќе се зголемува побарувачката за патувања. Тој оцени дека помалиот број на летови, инфлација и повисоки даноци ќе ги зголемат цените на авионските билети.

“Мислам дека следната година ќе има драматично закрепнување на туризмот во Европа. А причината зошто мислам дека цените ќе бидат драматично повисоки е тоа што има помал капацитет “, рече О’Лири, додавајќи дека конкурентските компании мораа да ги намалат своите флоти поради пандемијата, пренесува BBC.

Во Европа, во 2022 година, ќе има околу 20 проценти помал капацитет на кратки растојанија, со драматично закрепнување на побарувачката, рече О’Лири. Според него, покрај наведените причини, зголемувањето на даноците за животна средина и веројатното зголемување на инфлацијата би можеле да бидат клучни фактори во зголемувањето на цените на авионските билети.