Ќе испратите ли новогодишна честитка по пошта годинава?

181
Christmas holiday greeting design mockup

Поради пандемијата, оваа година ќе биде потешко семејството и пријателите да се соберат на едно место за време на празниците. Но, тоа не значи дека не треба да им се испрати честитка за празниците.

Во 2019-та година, во Европската унија се испечатени 59,5 милиони разгледници, што е релативно стабилно во однос на 2017-та година, но е за 41% помалку во споредба со 2009-та година.

Лани, повеќе од две третини од разгледниците во ЕУ се испечатени во три земји: Шведска (14,5 милиони или 24% од вкупно испечатените разгледници), Германија (13,9 милиони или 23%) и Шпанија (11,8 милиони или 20%), пренесува Eurostat.

Европската статистика покажува пад на бројот на луѓе кои нудат поштенски и курирски услуги. Во ЕУ, 1,5 милиони луѓе, на возраст од над 15 години, се вработени во пошти во 2019 година. Тоа претставува пад од 7% во споредба со 2009-та година. Меѓу нив, 900.000 биле мажи или 58% од вкупниот број на работници во овој сeктор.

Фото: Freepik