Ќе изгубат пола милијарда евра поради карантин од шест дена

30

Трговците во источниот дел на Австрија негодуваат поради повторно воведениот карантин од први до шест април, наведувајќи дека тоа ќе ги чини пола милијарда евра.

Четвртиот карантин и повторното затворање на сите продавници, освен прехранбените, во покраините Виена, Долна Австрија и Бургенленд, за трговците е вистински кошмар.

Во источниот дел на Австрија 10.000 работни места повторно ќе бидат затворени, а ќе има и големи загуби.

Продавниците за облека и обувки само што ги набавиле пролетните колеции и очекувале добар промет пред велигденските празници, но одлуката за затворање повторно тешко ги погодува.

Новиот карантин, според трговците, ќе ја загрози егзистенцијата на продавниците, но и на вработените, а освен врз материјалната состојба, ќе има големо влијание и врз нивното психичко здравје.