Ќе плаќаат ли Facebook, Google, Amazon… данок во земјава?

36

Групата 7 постигна историски глобален договор за минимална даночна стапка на добивка за мултинационалните компании.

Министрите за финансии на седумте индустриски најразвиени земји постигнаа договор минималната даночна стапка да биде 15%.

Данокот во иднина ќе се пресметува и таму каде што компаниите ги извршуваат своите активности, а не само таму каде што им е седиштето, како што беше досега.

Големите компании претходно своите седиште ги пријавуваа во држави со ниски даночни стапки и таму ги селеле своите добивки, иако профитот го остварувале и на други пазари.

“Задоволство ми е да соопштам дека министрите за финансии на Г7 по неколку години дискусии, постигнаа историски договор за реформа на глобалниот систем на оданочување за да се прилагоди на глобалната дигитална доба и што е од клучна важност е да обезбедиме соодветните компании да платат соодветен данок на соодветно место“, рече британскиот министер за финансии, Риши Сунак.