Ќе сакаат ли келнерите да станат градежници?

27

Секоја криза има свои жртви: ако угостителите и превозниците најмногу се на удар на актуелната криза што ја предизвика пандемијата, последиците од финансиската криза во 2008-ма година најмногу ја почувствуваа градежните работници, по силниот пад на пазарот на недвижнини.

Според пишувањето на Јутарњи лист, пред кризата во градежниот сектор на Хрватска, работеле 108.260 работници, а нивниот број во 2015-та година да се намали на 71.751. Во период од седум години без работа останале вкупно 40.000 луѓе. Со закрепнување на економијата, во последните пет години е зголемена и вработеноста во тој сектор, па во октомври оваа година достигна 97.991.

Во угостителството, пак, по избивање на финансиската криза, исто така, е намален бројот на работни места, но не за долго. Бројот на вработени во секторот подготовка и послужување на храна во 2008-ма година изнесува нешто повеќе од 50.000 и во следната година се намали за околу 6.500, но во 2010 година почна да закрепнува. Така во изминатите 10 години вработеноста во тој сектор е двојно зголемена.

Какви последици ќе остави оваа криза на среден и долг рок, допрва ќе се види, но се чини дека секторот угостителство очекува да се прилагоди. Препораката на ММД што се свела на тоа келнерите да се преквалификуваат во ѕидари не наиде на поздрав меѓу претприемачите, како и меѓу оние кои работат во тој сектор.

Фото: Freepik