Ќе се градат 1. 013 нови станови – Во скопскиот регион најмногу дозволи за градба во Ѓорче Петров

82
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година се издадени 321 одобрение за градење, што е за 22.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1. 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 м2.
Во скопскиот регион се доделени вкупно 101 одобрение за градба од кои 65 припаѓаат на физички лица, а останатите 36 на деловни субјекти.
Најголем број на дозволи за градење се издадени во општината Ѓорче Петров, вкупно 57.
Следува Петровец со 9 дозволи за градба, Центар  и Илинден со по 7 дозволи, Гази Баба со 6 дозволи за градење, Аеродром 4, Арачиново и Сопиште со по 3 дозволи, Сарај и Студеничени со 2 дозволи за градење, Зелениково само една довола за градење.
Во општините Бутел, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари во месец март не е издадена ниту една дозвола за градба.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 илјади денари, што е за 4.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 193 (60.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17.5 %) за објекти од нискоградба и 72 (22.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 321 објект, на 200 (62.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37.7 %) објект инвеститори се деловни субјекти.