Ќе се гради интернационален аеродром на Мачу Пикчу

81

На една од најпосетуваните природни атракции во светот, Мачу Пикчу во Перу, ќе “никне“ аеродром. Древниот град на Инките е лоциран на 2.438 метри надморска височина на Андите. Градбата веќе започна и покрај загриженоста дека ќе биде уништен голем дел од локалитетот во округот Чинчеро, каде се простира градот.

Во градење на аеродромот учествуваат компании од Канада и Јужна Кореја, а изградбата беше најавена уште во 2012 година, пишува Tree Hugger. Во проектот се вложени милијарди долари, а кога ќе биде изграден, посетителите ќе можат авионски да стасаат блиску до местото, односно на само 20 минути до Светата долина.

Чинчеро е историски важен град, изграден пред 600 години со цел да послужи како кралска резиденција за лидерот на Инките, а рушевините до ден денес се одлично сочувани.

Иако локалните жители велат дека аеродромот ќе отвори многу работни места, тие, исто така, се загрижени за можното загадување и вревата што ќе биде секојдневие.

Фото: Pixabay