Ќе се соочи ли светот со недостиг од медицински ракавици?

35

Пандемијата поттикна огромна побарувачка за заштитни гумени ракавици, а производството би можело да фати чекор со потрошувачката дури за две години, предупредува Малезија, земја што важи за најголем производител во светот.

Малезија однапред продала 160 милијарди ракавици коишто допрва ќе треба да ги произведе, наведува здружението на малезиски производители на ракавици.

“Крајниот нарачател во овој момент ги добива ракавиците седум месеци откако производителот ќе ги прими нарачките“, вели Супрамиа Шанмуган, претседател на здружението.

Се очекува побарувачката да порасне на 420 милијарди ракавици, од минатогодишните 380 милијарди, додека годишната стапка на раст ќе биде од 10 до 15%, а производството би можело да заостанува за зголемената побарувачка во поголемиот дел од 2023 година.

Малезија очекува нејзиниот удел во глобалното производство да изнесува 67%, со производство на 280 милијарди ракавици.

Фото: Pexels